Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовец со „сканија“ паднал во провалија кај Крива Паланка и загинал

Косовец со „сканија“ паднал во провалија кај Крива Паланка и загинал

МВР во денешниот билтен известува дека возач од Косово со товарно возило  „сканија“ паднал во провалија кај Крива Паланка и загинал во раните утрински часови.

- На 21.01.2026 во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира полицијата.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести