Косовец со 50 евра ставени во пасошот сакал да поткупи полицајци
На подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка утрово во 6.30 часот, полицајци запреле автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, по што од извршената контрола констатирано е дека автобусот го возел Х.У. државјанин на Р.Турција. Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот приложил пасош во кој имало банкнота од 50 евра.
Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска станица Крива Паланка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
фото МВР
Слично
