Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСОВЕЦ СЕ ПОФАЛИ: Блерим Рамадани е овде во Косово, ќе се видам со него

КОСОВЕЦ СЕ ПОФАЛИ: Блерим Рамадани е овде во Косово, ќе се видам со него

Во гостување на косовската телевизија Т7 Луан Јахири oд Урошевац (Феризај), потпретседател на организацијата на воени ветерани на УЧК, изјави дека Блерим Рамадани, кој избега од Македонија, а екстрација бараше Србија, моментално е во Косово. Јахири рече дека разговарал со Рамадани и дека ќе се види со него.

„Со Блерим денеска не разговаравме долго, го пофалив за одлуката што ја донесе зашто тешко ќе беше да се врати во затворски притвор, а уште потешко да биде екстрадиран во Србија. Кога ќе се видиме, ќе му ја искажеме нашата поддршка. Ќе му препорачаме да пријави во нашите институции, за да се расчисти целото ова прашање“, рече Јахири, како што пренесува порталот Репортери.нет.
Според него, Рамадани бил на мислење дека треба да остане до крај за да се заврши судењето во Македонија.

„Неговата одлука за бегство е донесена откако беше објавено дека ќе биде вратен во притвор и дека може да биде екстрадиран во Србија. Тој донесе добра одлука, би го направил истото и јас“, рече Јахири.

За бегството на Рамадани од куќниот притвор реагираше денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оценувајќи дека станува збор за голем скандал затоа што станува збор за лице кое извршило воени злосторства врз Србија на Косово. Србија бара одговори од Македонија како се случило да избега. 

Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен припадник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродима.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен припадник на ОВК, уапсен во Северна Македонија врз основа на српска потерница. Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но со судска одлука беа ослободени.

Арбен Таравари од Коалицијата ВЛЕН истакна дека уште од првиот ден требало да биде ослободен поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, но тоа го спречил обвинител од Кичево. 

СДСМ го обвини министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски дека е виновен за бегството. 

Слично

Поврзани вести