Косовец се соблекол и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје
Државјанин на Косово се соблекол гол до појас и викал „УЧК“ на летот од Брисел за Скопје, објави СДК.
„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, изјавиле од Министерството за внатрешни работи за порталот.
Мажот веднаш по слетувањето е приведен на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.
Слично
