Косовци нелегално ја снимале тетовската касарна
На тетовската улица „Фуштанска“ вчера четири лица од автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Притоа реагирало обезбедувањето на касарната, а лицата побегнале. По околу еден час од настанот, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Глоѓи, полиција го стопирала автомобилот во кој се превезувале Косовците Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), по што се приведени во тетовската полициска станица. Органите преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
