Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kосовари краделе во Кочани

Kосовари краделе во Кочани

Двајца Косовари краделе на кочанскиот пазар. Тие одземале пари и други предмети од чанти. 

Полицајци од Полициската станица Кочани вчера ги уапсиле Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово. Тие се затекнати и фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.

Како што соопштија од полицијата, одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Слично

Поврзани вести