Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Косова прес“: Артан Груби e во Приштина?

„Косова прес“: Артан Груби e во Приштина?

Косовската новинска агенција „Косова прес“, повикувајќи се на свои извори, објави дека поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем во Македонија, Артан Груби, кој повеќе од една година е во бегство, вчера попладне бил виден во Приштина.

Според изворот на „Косова прес“, Груби се преселил во област недалеку од центарот на Приштина заедно со две деца. Според наводите на изворот кого го цитира косовскиот медиум, Груби бил облечен во зимска јакна и спортска опрема. На главата носел шапка, а пуштил и брада.

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби од редовите на ДУИ беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД во декември 2024 година поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. 

Слично

Поврзани вести