Економија, финансии, бизнис

Контакт

Космонаутко го вакцинираше министерот Маричиќ

Космонаутко го вакцинираше министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ ја имаше таа „привилегија“ денеска во А1 Арена „Борис Трајковски“, да биде вакциниран против Ковид-19 од Денис Јанкуловски, познат во јавноста како популарниот Космонаутко.

Космонаутко е најпопуларниот наш здравствен работник во борбата со коронавирусот, а беше и кандидат за македонски Европеец на годината. Јанкуловски, инаку вработен во Институтот за јавно здравје, стана популарен во јавноста откако за време на целиот период на пандемијата ги посетуваше ковид суспектните дома и им земаше бриз

Министерот пред новинарите ја демантираше гласината дека се вакцинирал со „Фајзер“ за да може непречено да патува во САД, а аргументираше со тоа што претходните членови на Владата се вакцинирале со кинеската „Синофарм“.

„Ние се вакциниравме исто како и другите граѓани кои денеска ќе се вакцинираат, сигурно ќе поминат 4-5.000 граѓани со таа вакцина. Идната недела вакцинирањето најверојатно ќе продолжи со друга вакцина. Така што тука нема привилегија - ниту се информиравме, ниту прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Ставот на Владата е, како и сите други граѓани, да се вакцинираме со таа вакцина што е на ред и да не бидеме на ниту еден начин посебно третирани“, рече Маричиќ пред јавноста

Слично

Поврзани вести