Кошта: Разумно е на Северна Македонија да се гарантира дека нема да има нови барања
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија изјави дека е разумно Македонија да добие гаранции дека нема да има нови барања на европскиот пат.
„Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат“, додаде Кошта.
Тој изјави дека лично е ангажиран и разговара со властите во Софија и во Скопје и дека очекува по завршувањето на изборниот период во земјава да продолжат разговорите и „некако да се постигне напредок во овој процес“.
Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV
