Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОШТА ПОТСЕТИ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце

КОШТА ПОТСЕТИ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта попладнево во Скопје изјави дека останува условот за уставни измени за да може Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија(ЕУ). 

Кажа дека усвојувањето на уставните измени е единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Тоа значи отклучување на процесот. Кошта рече дека само треба да се направи она што е договорено во 2022 година и ништо повеќе.  Нагласи дека ЕУ е најголем инвеститор и трговски партнер на Македонија. 

„Моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце“, кажа Кошта. 

Вели дека македонската Влада прави напори во однос на реформите. Поздрави дел од мерките кои се направени, како и усогласувањето на надворешната политика. 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека ќе продолжат со реформите. 

„Разговаравме за европската иднина, за состојбите во регионот, за реформите, економијата, владеењето на правото, институционалната трансформација, но и за едно многу подлабоко прашање- дали европската идеја и понатаму останува идеја што инспирира, обединува и создава доверба. Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии. Не бараме олеснети правила. Не бараме нешто што не им припаѓа и на другите. Бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“, вели Мицкоски. 

Кошта кажа дека со Албанија е предложено да се затворат првите три поглавја. За предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека се обидуваат да изнајдат некој посебен статут за Украина, но тој не е сигурен дека треба да има посебен статут, иако рече дека земјата засега добро испорачува. За земјите од Западен Балкан рече дека не се во војна и за нив никој не чувствува дека треба да создава нови решенија. 

фото принтскрин 

Слично

Поврзани вести