Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОШТА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ: Кажа кои две земји први ќе влезат во ЕУ

КОШТА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ: Кажа кои две земји први ќе влезат во ЕУ

Албанија и Црна Гора ќе се приклучат на ЕУ пред другите, вели претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Додаде дека „Албанија и Црна Гора се очигледно понапред од другите земји“. 

Во интервју за Еуроњуз, тој ги повика државите-кандидати да се посветат на реформи. Во срцето на неговата мисија во Западен Балкан е потребата Брисел да не ја изгуби стратешката контрола врз клучен регион.

„Руската инвазија на Украина го забрза процесот на пристапување за Украина и Молдавија, па затоа не е фер кон земјите од Западен Балкан да бидат претекнати од Украина и Молдавија, а тоа ќе ги поттикне да се движат побрзо со реформите“, изјави Кошта. 

Кошта во четврток во Скопје ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Во Белград Кошта ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Ѓуро Мацут и членови на парламентот. Подоцна истиот ден, тој ќе пристигне во Сараево, каде што ќе се обрати на војниците од мисијата на ЕУ ЕУФОР „Алтеа“ и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Инаку, албанскиот премиер Еди Рама очекува до 2027 година да ги отвори сите поглавја и неговата земја да влезе во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести