Кошаркарската федерација доби 100.000 евра од Државна видеолотарија
Кошаркарската федерација на Северна Македонија доби донација и спонзорство во висина од 6.150.000 денари од Државна видеолотарија за претстојниот циклус на квалификации за Европското сениорско првенство.
Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, се заблагодари за финансиската поддршка од која што поголем дел од истата се средства кои ќе се материјализираат од ваучер-системот, додека 10.000 евра се директно спонзорство.
- VLT е добар партнер и можам да кажам и дека сумата е добра. Поголемиот дел од средствата ќе се распределат за сениорската кошаркарска репрезентација, но дел ќе оди и за потребите на младинските селекции. Наше е да обезбедиме услови за работа, а талентот е неспорен, рече Антиќ, кој најави дека во текот на следната недела ќе биде поознато и името на новиот селектор на македонскиот национален тим.
Бладимир Георгиевски, секретарот на КФСМ, рече дека федерацијата ќе ја продолжи потрагата по нови спонзорства во наредниот период и дека ќе се материјализира остатокот од ваучерот доделен од Агенцијата за млади и спорт.
Минатата недела федерацијата го доби во владение Спортско-рекреативниот центар „Кале“ со одлука на владина седница.
А.К.
