Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косач на трева удрен во сообраќајката на патот Штип - Кочани

Косач на трева удрен во сообраќајката на патот Штип - Кочани

Косач на трева кој работел покрај патот Штип - Кочани бил тешко повреден откако бил удрен од автомобилот кој беше пронајден превртен во каналот.

Ова е нов детал од информацијата за сообраќајната несреќа утрово која го блокираше овој регионален пат. 

Лицето со иницијали И.К., вработено како одржувач на патот, е тешко повредено и истото е пренесено во болница.

„Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.

Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител“, објави подоцна МИА.

Оваа сообраќајка е најнова во низата на несреќи кои се случија на оваа делница во изминатите недели и месеци.


Слично

Поврзани вести