Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кос: Спроведовте 90 отсто од 10 реформи кои требаше да се исполнат до 15 јули, а тие 10 отсто се всушност Изборниот законик

Кос: Спроведовте 90 отсто од 10 реформи кои требаше да се исполнат до 15 јули, а тие 10 отсто се всушност Изборниот законик

Потребен е политички консензус за Изборниот законик за Македонија да добие 4 милиони евра, порача денеска од Скопје, еврокомесарката за проширување, Марта Кос. 

„Спроведовте 90 отсто од 10 реформи кои требаше да се исполнат до 15 јули, а тие 10 отсто се всушност Изборниот законик кој треба да биде усвоен. Затоа ги повикувам на консензус сите политички партии бидејќи тоа ќе биде од корист на државата, така пристапните преговори ќе се придвижат напред“, изјави Кос. 

Во суштина, носењето на Изборниот законик е само дел од Планот за раст на ЕУ кои важи за сите земји кандидатки, додека за Македонија формално да ги почне пристапните преговори, односно да ги отвори кластерите со преговарачките поглавја треба да се испочитува предусловот во преговарачката рамка со ЕУ според кој Бугарите треба да се вметнат во преамбулата на македонскиот Устав.

„Во сржта на пристапниот процес се наоѓаат реформите и конкретните придобивки за граѓаните, поголеми можности за младите кои ќе придонесат кон попросеритетна економија. Гледаме охрабрувачки чекори во таа насока. РСМ е меѓу најдобрите изведувачи зашто е усогласена со европските стандарди и затоа РСМ се квалификуваше во земји со дополнителни средства за планот за раст. Ова многу го дискутиравме. Може да дојдете до врвот само зашто ги испорачувате очекувањата. Вашата земја се наоѓа токму во таа група. За реформите, тие не се работа само на Владата и Собранието, туку тоа е национален проект во кој сите засегнати страни треба да бидат вклучени.  Ќе се започнат преговори за укинување на роаминг во земјата, што значи нема да има доплнителни надоместоци за мобилнат телефонија. Градиме клучни транспортни рути од Албанија до Бугарија и од Србија до Грција, за да се подобри поврзаноста во ЕУ. 40 илјади размени поддржа ЕУ преку Еразмус програмата. Ја поврзуваме РСМ со ВИ преку „Везилка“. РСМ се придружи на програмата за здравство од ЕУ со што се отвора патот кон пари од ЕУ за подобрување на здравството и негата. Ќе се приклучите и кон сајбер безбедноста во рамки на програмата на ЕУ, па со тоа РСМ ќе може да се потпира на поддршка за сајбер безбедност во случај да се соочите со сајбер напади. Скопје ќе биде европска престолнина и тоа ќе се случува во текот на мојот мандат“, изјави Кос.

Таа потсети дека полноправното членство ќе донесе уште поголеми придобивки, еднакви права и можности за граѓаните и бизнисите и поддршка за изградба на инфраструктурата.

Премиерот Христијан Mицкоски очекувал евроинтеграцијата да не биде оптоварена со билатерални прашања кои создавале неизвесност и фрустрација кај граѓаните, а истовремено верувал дека денешните разговори ќе придонесат „за натамошно зајакнување на партнерството со ЕУ“.

На новинарско прашање, кој е планот Б за Македонија ако нема гаранции, тој кажа дека денеска е убав ден зашто, како што рече, „сите ние слушнавме дека работиме многу фокусирано на реформската агенда и како резултат на таа посветена работа, ќе добиеме дополнителни средства кои ги заслуживме со напорна работа“.

„Ние како Влада сме фронтранери кога станува збор за брзината и посветеноста во работата. За нас нема друга опција освен ЕУ. Во врска со Изборниот законик, партијата Левица рече „не сме со вас да се потшишеме на овој предлог“. Овие неколку дена се случува политичка гимнастика, но вистината е дека сè беше договорено до моментот додека тој предлог не дојде во Парламентот. И тогаш и СДСМ почна да се однесува исто како Левица. Се обидуваат од ова да направат естрада. На вчерашната координација во Собрание, нашиот став беше – договорете се вие во опозиција и тоа што ќе се договорите ние ќе го прифатиме. И сега еве ја испраќам пораката, договорете се, дајте ни текст, ние ќе го прифатиме. Но, ние немаме усогласен текст. Средина на јули ќе дојде, би било штета да изгубиме 4 милиони евра“, кажа Мицкоски.

Кос истакна дека Планот за раст е нов начин на кој ЕУ се ангажира во земјите кандидатки за членство.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести