Коруптивните тендери и денес ќе го седнат Талески во обвинителна клупа
По трет обид денеска во 12 часот ќе почне судењето за
предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство кадешто обвинет за
проневера е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески.
Освен Талески, обвинети се уште дваесет лица за злоупотреба
на службена положба и обвластувања.
Според СЈО, ќе им се суди за злоупотреба на службена
положба кадешто преку коруптивни тендери за превоз на ученици го оштетиле
буџетот на Република Македонија за 360.000 евра.
На минатото рочиште еден од обвинетите побара одложување на
рочиштето закажано за денеска поради турнеја во Австралија, кој како што
истакна доколку не отиде ќе треба да плати 50.000 долари.
Исто така, и минатото рочиште на 6-ти ноември беше одложено
поради боледување на една од обвинетите.
Слично
