Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: За 24 часа има 1.152 оздравени пациенти

КОРОНАВИРУС: За 24 часа има 1.152 оздравени пациенти

За 24 часа во Македонија има 1.152 оздравени пациенти од коронавирусот. 

Денеска бројот на оздравени е поголем од бројот на заболени. За едно деноноќие има 1.129 нови случаи на коронавирусот. 

Најмногу нови случаи, но и оздравени има во главниот град. Скопје има 574, Куманово – 69, Велес – 67, Битола – 64, Прилеп – 60, Тетово – 45, Кавадарци – 38, Штип – 35, Струмица – 30, Гостивар – 27, Кочани – 16, Неготино и Гевгелија – по 15, Радовиш – 12, Ресен – 11, Кичево и Пробиштип – по 10, Крива Паланка и Виница – по 8, Берово – 7, Демир Капија – 6, Дебар и Валандово – по 4 оздравени. 

Понатаму, во Свети Николе има 3, Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 2, Кратово и Македонски Брод – по 1 оздравен.

Станува се поизвесно дека британскиот сој е присутен во соседството, што создава страв. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести