Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: Најмладиот починат пациент има 35 години

КОРОНАВИРУС: Најмладиот починат пациент има 35 години

Најмладиот починат пациент во последните 24 часа има 35 години. Станува збор за пациент од Кавадарци. 

Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден. Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи. 

Досега во земјава повеќе млади луѓе во дваесеттите и триесеттите години од животот починаа од коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести