КОРОНАВИРУС: Најмладиот починат денес има 33 години
Во последните 24 часа, најмладиот починат од коронавирусот има 33 години, објави Министерството за здравство.
Станува збор за пациент од Скопје. Во болнички услови починати се 29 лица, дванаесет пациенти од Скопје (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64г.), два пациенти од Куманово (63 и 82г.), три пациенти од Прилеп (76, 67 и 87г.), двајца од Тетово (65 и 72г.), пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80г.), два пациенти од Битола (64 и 65г.), двајца од Гостивар (63 и 74г.), пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73г.).
Деновиве имаше починати на возраст од 40 и 44 години, а другите беа пациенти во поодминати години.
Откако почна пандемијата, од вирусот починаа и млади на возраст од дваесетина години.
