Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: Има скоро 400 оздравени, од кои најголем дел се од Скопје

КОРОНАВИРУС: Има скоро 400 оздравени, од кои најголем дел се од Скопје

Во текот на вчерашниот ден имавме повеќе нови заболени од оздравени од коронавирусот. 

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 396 оздравени пациенти. Најголем дел од нив вообичаено се од главниот град. По градови Скопје има 79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34,  Тетово-29,  Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.

Починаа 20 луѓе, од повеќе градови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2.274, а бројот на активни случаи изнесува 22.330.

Слично

Поврзани вести