Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС: Денес има повеќе оздравени од нови заболени

КОРОНАВИРУС: Денес има повеќе оздравени од нови заболени

Во Македонија денес има повеќе оздравени од нови заболени од коронавирусот. 

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на коронавирус. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 920 оздравени пациенти. Најголем дел од нив се во главниот град. 

Во Скопје има 349, Куманово-37, Дебар-8, Штип-29, Прилеп-70,  Тетово-29, Струга-60, Велес-37, Битола-36, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-45, Гевгелија-5, Струмица-18, Крива Паланка-3, Радовиш-9, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-9, Валандово-2, Виница-4, Делчево-24, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-9 и Неготино-14 оздравени.

За 24 часа има 31 жртва на овој опасен вирус, а најмладиот има 40 години. 

Хрватска лекарка објаснува зошто и млади луѓе умираат од коронавирусот. 

Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести, изјави дека повеќето пациенти кои имаат тешка клиничка слика имаат повеќе причини за тоа.

Слично

Поврзани вести