КОРОНАВИРУС: Денес бројот на оздравени е неколку пати повисок од бројот на заболени
Во последните 24 часа бројот на оздравени од коронавирусот е неколку пати повисок од бројот на заболени.
Имаме 324 заразени, и 1.178 оздравени пациенти. По градови, најмногу оздравени има во Скопје – 575, Куманово - 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18.
Понатаму, следат Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1.
foto freepik
Слично
