Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО: Уште еден пратеник е заразен

КОРОНАВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО: Уште еден пратеник е заразен

Коронавирусот влезе во Собранието. 

Освен Исмаил Јахоски од ДУИ, уште еден пратеник е заразен. 

Станува збор за пратеникот Лазе Таневски од СДСМ. 

Тој на Фејсбук напиша дека е заразен со коронавирусот. 

„Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.
Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни“, пишува пратеникот. 

Од Собранието повикаа да се почитуваат мерките за заштита. 

За 24 часа во Македонија имаше нови 393 заразени. 

Главниот град е со најмногу нови случаи. 


На Инфективната клиника во Скопје веќе нема слободни места. 

Слично

Поврзани вести