Економија, финансии, бизнис

Контакт

Короната се врати во Крушево

Короната се врати во Крушево

Коронавирусот се врати во Крушево.

Иако деновиве Крушево беше град без активни случаи на коронавирус, денес состојбата е сменета, при што има еден активен случај, како што информираше Министерството за здравство. 

Во Македонски Брод има 4, а во Кратово 8. Од помалите градови Пехчево има 11, Берово 45, Валандово 46, Виница 55, Свети Николе 64, и Ресен 50 активни. 

Демир Хисар има 10, а Пробиштип 18 активни случаи на коронавирусот. 

Денес во Македонија има 640 заразени и 12 починати од коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25.473, бројката на оздравени пациенти е 18.047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.552.

Слично

Поврзани вести