Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНА УДРИ ПО АВИОБИЗНИСОТ - компаниите ќе изгубат 28 милијарди евра

КОРОНА УДРИ ПО АВИОБИЗНИСОТ - компаниите ќе изгубат 28 милијарди евра

Меѓународната асоцијација на авиокопревозници направи проценка според која епидемијата на коронавирусот ќе го намали целогодишниот број на продадени билети во азиско-пацифичкиот регион за 13 проценти, намалувајќи ги приходите на авиокомпаниите за 27,8 милијарди долари.

Во соопштението се вели дека наместо претходно проектираниот раст на прометот од 4,8 проценти во регионот, всушност ќе дојде до нето намалување на бројот на патници за 8,2 проценти.

Поголемиот дел од загубите ќе ги сносат кинеските авиокомпании, кои само на домашни летови потенцијално ќе изгубат 12,8 милијарди долари.

Во декември, IATA предвидувала дека растот на побарувачката за услуги на авиокомпревозниците на светско ниво ќе достигне 4,1 процент, а глобалната индустрија во текот на 2020 година ќе превезе 0,6 проценти помалку патници отколку минатата година.

Слично

Поврзани вести