Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНА БИЛАНС: Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти

КОРОНА БИЛАНС: Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти

Во последните 24 часа има над 580 оздравени од коронавирусот. 

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 587 оздравени пациенти. Најголем дел од нив се од Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.

Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г).  Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. 

Слично

Поврзани вести