Економија, финансии, бизнис

Контакт

Користи ли министерката Мизрахи службени коли за партиска кампања?

Користи ли министерката Мизрахи службени коли за партиска кампања?

По скандалот со таблата со старото уставно име во МТСП, техичката министерка Рашела Мизрахи ја тресат нови обвинувања.

На социјалните мрежи,дел од медиумите пласираа фотографија како со службено владино возило, Мизрахи била во посета на Крушево од каде што вчера се правдаше за таблата која тврдеше дека ја наследила од Мила Царовска.

Наводно, Мизрахи која даваше изјава во Крушево била со владин автомобил а сведочи фотографијата која до дел од медиумите стигнала од граѓани.

Самата Мизрахи потврдила дека во 20 часот вечерта била на пат кон главниот град по посетата на Крушево каде беше на партиски средби.

Функционерите имаат право на користење службени возила, но не и за партиски цели.

Вчера , Мизрахи доби опомена од шефот на дипломатијата и се најде во клинч со Мила Царовска која преку видеа и фотографии ги поби нејзините тврдења докажувајќи дека во Министерството има табла со новото уставно име.

По потегот на Мизрахи, реакција стигна од Грција, која испрати вербална нота.

Слично

Поврзани вести