Користете го времето: Временска прогноза за викендов
Викендов е пред нас а временската прогноза вели дека времето ќе биде прежено стабилно и потопло со засилен јужен ветер.
Меторолозите од УМХР велат дека температурата ќе има тенденција на раст, но веќе од следната недела се најавуваат пониски утрински температури со на места локален дожд.
Денес не очекува претежно сончево и потопло. Во тек на денот се најавува умерен југоисточен, а на запад повремено засилен југозападен ветер.
Што се однесува до минималната температура таа на некои места ширум државата ќе падне во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Сончево со умерен ветер од југоисточен правец и температура од 2 до 20 степени го очекува и Скопје.
Слично
