Корекција на ДКСК за имотот на министерката Апостолска
Во врска со текстот објавен на порталот Фактор.мк со наслов: „КОЈ ОД МИНИСТРИТЕ ШТО ПОСЕДУВА: Треба да се достават анкетните листови!“ на 30.06.2017 година, Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека во податоците за министерката без ресор Зорица Апостолска е направена техничка грешка во делот банкарски депозити, односно наведен е денарски депозит во Капитал банка АД Скопје во износ од 2102.207,00 денари наместо 202.207,00 денари.
Во текот на денешниот ден истата ќе биде корегирана, информира Државната комисија за спречување на корупцијата
Слично
