„КОП ЈА ИСПРАТИ ПОРАКАТА НА ПРАВА АДРЕСА, КАЈ АХМЕТИ, СО ШТО ПОСОЧУВА КАДЕ Е МАКАТА И КОЈ ВЛЕЧЕ КОНЦИ“: Се огласи Димитров за пораката на холандскиот амбасадор
Прво, ја испратил на права адреса, кај Ахмети, со што посочува каде е маката и кој влече конци.
Второ, прецизно го лоцира падот - во правната држава и тоа во последниве две години, што коинцидира со мандатот на владата на Ковачевски.
Трето, укажува на последиците - загрозување на посветеноста за членство во ЕУ и тоа од страна на влада што ЕУ од уста не ја вади, дури и тогаш кога го бербати Европското знаменце.
Конечно, го става во фокус недозволеното политичко влијание врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и предупредува дека резултатот ќе биде остра реакција на Холандија.
Дури изгледаат апсолутно подготвено да ја платат и цената од нова блокада, овој пат од Холандија и овој пат сосема оправдана, само за да останат на власт и да не може да се формира идна влада без нив. Додека се нарекуваат “Европски фронт”.
Не е ниту човек да иронизира, пораките од амбасадорот денес се толку сериозни што бараат итен ресет и ангажман од сите општествени и политички чинители.
Имаме очигледно како општество голем пат пред нас. И тој ќе може да се изоди само со вистински промени. Ама прво треба да се признае и прифати реалноста, која почна да оди далеку од македонски и балкански, а камоли од европски стандарди.“ напиша тој.
