Координација кај Џафери - кое прашање ќе се решава?
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска според најавите треба да одржи координација со претставниците на парламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори.
Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска. Претставници на парламентарните партии завчера имаа средба во Собранието. По завршување тие не соопштија за што разговарале и не дадоа изјава за медиумите.
Ова е прва координација кај Џафери, а функционирањето на општините е доведено во прашање од денеска.
Слично
