Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конзулат на Србија е отворен во Охрид

Конзулат на Србија е отворен во Охрид

Во Охрид е отворен Конзулат на Србија. 

Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев.

На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска,  градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и други гости.

Билатерланите односи меѓу двете земји, според шефот на српската дипломатија, се добри во многу сегменти, втемелени на заедничка историја и блиските врски на двата народи, но и заедичката определеност за иднина.

Почесниот конзул на Србија, Михајло Филев смета дека отворањето Конзулат во Охрид е голем подвиг во зближувањето на двата братски народи.

Министерката за култура Костадиновска Стојчевска изјави дека отворањето на Конзулатот е уште една потврда и силен поттик за унапредувањето и продлабочувањето на билатералната соработка меѓу нашите две блиски и пријателски земји. 

фото СПОНА

Слично

Поврзани вести