Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koнтроверзното интервју со Латас кое ја „зовре“ јавноста го нема на Youtube

Koнтроверзното интервју со Латас кое ја „зовре“ јавноста го нема на Youtube

Спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ Латас кај јутуберот Стефан Лазаров го нема на Youtube. 

Интервјуто е емитувано пред пет дена. Латас во еден дел раскажува за своето сексуално искуство со девојка која негов другар ја тепал и имала секс со повеќе луѓе во автомобил фиќо.  Настанот како што објасни се случил кога тој имал 14 години.  По пријава од полицијата денеска Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет.

„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“, стои во соопштението. 

Повеќе невладини организации, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државни органи да реагираат во врска со изјавите на новинарот и водител Драган Павловиќ – Латас дадени во поткаст за јутјуберот Стефан Лазаров, за кој тие сметаат дека содржи промоција на насилство врз жените, како и признание од Латас дека на 14-годишна возраст извршил силување на девојка.

Латас потоа објаснуваше дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација. И Лазаров се правдаше.

Поради контраверзниот „разговор“ меѓу Латас и Лазаров голем број твитерџии објавија дека испратиле свои реакции до Јутуб, барајќи да се разгледа содржината и да се отстрани од платформата поради ширење на „насилство“. 

Повеќе политички партии побара одговорност за случајот. Во интервјуто Латас зборува за новинарството, периодот кога бил во војска, медиумите денес и слично. 

Слично

Поврзани вести