Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОВЕРЗНИОТ СОВЕТНИК НА ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: „Имам премногу приватни обврски, одлуката е конечна“

КОНТРОВЕРЗНИОТ СОВЕТНИК НА ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: „Имам премногу приватни обврски, одлуката е конечна“

Охридскиот бизнисмен, контроверзниот советник од редовите на ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини се повлекува од функцијата. За ТВ 24 појаснува дека потегот што го прави е од лична причина, односно дека е презафатен.

- Се повлекувам од Советот поради премногу приватни обврски поради кои не можам и немам време да присуствувам и активно да учествувам на седниците. Ја поднесов оставката до советот и истата е прифатена" рече Нефи Усеини за ТВ 24.

Инаку Усеини и лани поднесе оставка, па се премисли и ја задржа позицијата советник, но сега вели дека одлуката е конечна.

Името на Нефи Усеини со години ја бранува јавноста преку низа скандали. Се започна со изградбата на пицеријата кај чинарот која се води како дивоградба, па тепачката со друг советник и професор, изградбата на бетонската база на брегот на езерото. За ниту еден од овие случаи нема институционална разрешница.


Слично

Поврзани вести