Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОВЕРЗНИОТ НЕФИ УСЕИНИ ДОБИ ДОВЕРБА ОД ДУИ: Бизнисменот носител на советничка листа во Охрид

КОНТРОВЕРЗНИОТ НЕФИ УСЕИНИ ДОБИ ДОВЕРБА ОД ДУИ: Бизнисменот носител на советничка листа во Охрид

Нефи Усеини ќе ја предводи листата од ДУИ во Охрид, објави Охрид 1 објавувајќи ги и другите кандидати од советничката листа од оваа партија за советот на Општина Охрид за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.


Тој и порано беше советник од оваа партија, но лани поднесе оставка која беше прифатена во Советот. Тој ѝ е познат на јавноста по дивоизградената база на стариот пат Охрид – Струга и објектот на државно земјиште во стариот дел на градот, кај Чинарот. Во 2019 година со закани спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот. 

На Нефи Усеини и неговиот брат Ибро им беше изречен и притвор во времетраење од 30 денови. Судот ги ослободи по 16 денови откако тие дадоа гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, кој откако почна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.


Слично

Поврзани вести