Контроверзни тврдења на бугарскиот политичар Енчев: Судбината на македонизмот зависи од Ердоган и Мицотакис
Контроверзни тврдења на бугарски политичар за земјава.
„По иронијата на судбината денес судбината на македонизмот зависи од Ердоган и Мицотакис“, напиша на Фејсбук бугарскиот политичар и поранешен амбасадор, Велизар Енчев.
Тој вели дека во телевизиско интервју, македонскиот претседател ја одби понудата на Грција да посредува во бугарско-македонскиот јазично-историски спор што го попречува членството на Скопје во ЕУ.
„Пред само пет дена, Пендаровски жестоко и се извини на Грција за уште едно интервју, но пред албанска телевизија, во кое ненамерно (или намерно) ја исфрли фразата ‚македонско малцинство во Грција'. Реакцијата на Грција беше брза - не само што побара објаснување од Скопје за мешање во нејзините внатрешни работи, туку токму во тој момент грчките медиуми ги објавија резултатите од анкетата, според која 51 процент од Грците го отфрлаат Договорот од Преспа. Така, Грција навести дека е подготвена да го ревидира договорот со Република Северна Македонија и да се приклучи на бугарското вето. Нема да расправаме дали „бугарско“ или „македонско“ малцинство живее во Егејска Македонија, затоа што Бугарија не може да си дозволи да отвори „Втор фронт“ на Балканот. И во Грција тие добро ја знаат националноста на нивното „население со словенски јазик“. Затоа Пендаровски избега како ѓавол од темјан од грчко посредување во бугарско-македонската дипломатска војна. Бидејќи на Грците веќе долго време им е преку глава од македонската ароганција и не е ни чудо што го повлекуваат својот потпис од Договорот од Преспа“, пишува Енчев.
Натаму тој додава дека всушност, постои друга земја што може да го документира македонизмот за неколку минути и да владее во корист на Софија.
„Ова е Република Турција. Целата вистина за ‚македонската нација' создадена од Србите и Коминтерната е во турските архиви. Постојат воени коминикеи на турските паши, кои војувале со чети на војводите Јане Сандански и Гоце Делчев, во кои името ‚Бугарин' стои наспроти имињата на убиените комити. Иронично, судбината на македонизмот денес зависи од турскиот претседател Ердоган и грчкиот премиер Мицотакис. Колку малку е потребно за да се сруши песочната кула на Македонците!“, пишува во неговата објава.
