Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контроверзен украински богаташ добил македонски пасош

Контроверзен украински богаташ добил македонски пасош

Владата на седница во мај му одобрила македонски пасош на контроверзниот поранешен украински политичар Олександр Онишченко, кој е познат по луксузниот начин на живот.

Избеганиот украински политичар кој е под санкции на САД, добил македонско државјанство иако за него има и потерница од Украина поради финансиски малверзации а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“, пишува Призма.

Се работи за поранешен пратеник што избегал од Украина во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција. На листата на санкционирани личности од Соединетите Американски Држави е ставен во јануари 2021 година.

Македонското државјанство го добил врз основа на спортски критериуми како учесник во коњички спортови. Во позитивното мислење се вклучени четири инстанци – матичната коњичка федерација, во овој случај за коњички спортови, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за спорт и млади и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Новиот македонски државјанин често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации, а има и заеднички фотографии со познати личности од светскиот гламур.


Слично

Поврзани вести