Контролор на ЈСП нападнат во автобус на Бит Пазар
Контролор на ЈСП бил физички нападнат во автобус на подрачјето на Бит Пазар, откако констатирал дека патничка немала платено билет за превоз.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 10 јуни 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје. Пријавителот, 49-годишниот Н.Н. од Скопје, навел дека нападот се случил додека извршувал работни задачи како контролор во автобус.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Целосното соопштение на МВР
На 10.06.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н.(49) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус, додека извршувал работни задачи како контролор на ЈСП, бил физички нападнат од 50-годишната Д.Ц. откако претходно констатирал дека немала платено билет за превоз. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
