Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контролна акција на МВР, претресувани ученици дали носат оружје во автобуси

Контролна акција на МВР, претресувани ученици дали носат оружје во автобуси

МВР објави дека полицијата направила контрола на 391 возило кои вршат јавен превоз на деца вчера претпладне на територијата на целата земја, а при тоа исклучени се од сообраќај 11 возила и утврдени се 20 кривични дела.


- Притоа биле исконтролирани 391 возило кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 108 локации, при што биле констатирани 20 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 53 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Од сообраќај биле исклучени 11 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. 

За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 469 полнолетни средношколци, а извршени се 2 457 прегледи на ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик, информира МВР.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок


Слично

Поврзани вести