Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конститутивната седница продолжува утре - денеска реплики и контрареплики

Конститутивната седница продолжува утре - денеска реплики и контрареплики

Прaтениците конститутивната седница ќе ја продолжат утре во 11 часот. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од платформата, а решението го гледаат во прифаќање на манифестот или нови избори. Пратениците од СДСМ, во попладневниот дел обвинија дека говорницата се злоупотребува за изнесување лаги. Се расправаше за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата преовладуваа реплики, контрареплики и процедурални забелешки. 

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев отворил пандорина кутија, велејќи дека е нормално албанските партии да имаат порадикални барања бидејќи Заев ветувал кантонизација на албанската дијаспора во Швајцарија.

Согласно договореното, во Комисијата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

Ова е 13-то продолжение на конститутивната седница на која на дневен ред е и избор на претседател на Парламентот.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом. 

Слично

Поврзани вести