Kонститутивна седница во Собранието - мнозинството ќе добие мандат за составување Влада
Kонститутивната седница на новиот состав на Собранието ќе се одржи утре во 13 часот.
Седницата ја закажа и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски.
Во рок од 10 дена претседателот на државата е должен од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.
Државната изборна комисија(ДИК) вчера ги подели уверенијата на новите пратеници кои освоија мандат на изборите на 11-ти декември.
Собранието ќе има 120 народни избраници од кои на ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2.
Слично
