ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНСТАТИРАНА ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА: Собранието ќе распише оглас за нов претседател на ДКСК

КОНСТАТИРАНА ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА: Собранието ќе распише оглас за нов претседател на ДКСК

Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се повлече од челната позиција на 25 јули, а под притисок на јавноста, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. 

По констатираната оставка, течат роковите од десет дена, во кои треба да заседава Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за избор на претседател и нов член на Антикорупциската комисија. Сепак, се очекува Комисијата да биде свикана во среда или четврток, кога ќе биде распишан и огласот.

Димитровска во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.


ad
Слично

Поврзани вести