Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНКУРС ВО РЕГИОНОТ: Нудат куќи за помалку од евро

КОНКУРС ВО РЕГИОНОТ: Нудат куќи за помалку од евро

Општината Леград во Хрватска распиша конкурс за продажба на недвижен имот кој е во нејзина сопственост, пишува порталот Новац. 

Куќи може да се добијат за помалку од евро, односно за една куна, до крајот на февруари, но под услов да се исполнуваат одредени критериуми. 

Кандидатите треба да се помлади од 40 години, да имаат најмалку  завршено средно стручно училиште и да живеат во општината. 

Оној кој ќе се пријави на конкурсот, треба да води сметка дека тој и неговиот партнер мораат да имаат постојани примања. 

Ова се прави со цел да се подобри демографската слика, а луѓето кои за една куна ќе купат имот, треба да останат да живеат во Општината Леград. 

Италија со низа мерки се труди да привлече нови жители, со продавање куќи за едно евро или со покривање кирија за одреден период. 

Слично

Поврзани вести