КОНКРЕТНИ МЕРКИ: Општина Охрид со пет илјади евра ќе им помогне на старите лица што ќе бидат во самоизолација
Општина Охрид сериозно ја сфтила состојбата со превенцијта од коронавирусот.
Согласно владините препораки, градоначалникот Константин Георгиески, одржал неколку состаноци со директорите на сите јавни претпријатија, директорите на здравствените установи, како и претставник на матичните лекари, на кои одлучиле да се преземат оперативни мерки.
Покрај дезинфекција на сите објекти и возилата, локалната самоуправа извести дека од денес ќе работи редуцирано со странки од 09 до 11 часот, и тоа само преку архивата на општина Охрид,
ЈП „Билјанини извори“ ги повлекува вработените кои што работат на градските паркинзи, а наплатата ќе се врши само по електронски пат,
Како една од поинвентивните мерки, пак, е што Општина Охрид во соработка со Црвен Крст, ќе издвои 300.000 денари за помош на лица од социјално ранливи категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти и средства за хигиена.
„Во соработка со Црвен крст - Охрид, општина Охрид дополнително формира мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица, на лицата со специјални потреби и на сите оние кои имаат потреба од помош и било каква друга поддршка на подрачјето на општина Охрид и да им излезат во пресрет за прехранбени производи, продукти за хигиена и лекови. Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви од Црвен крст – Охрид: 046/ 261 – 909, 070/ 315 – 309, специјалниот број 13 – 112, 070/ 989 – 806 и 070/ 354 – 712. На истите броеви граѓаните може да пријават одредени неправилности и непостапување по мерките кои што ги има донесено Владата, и може да пријават лица кои што треба да бидат во самоизолација, а не ја применуваат“, се вели во објавата која општина Охрид ја сподели на својата веб страница.
