Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коњицата тргна кон Мечкин Камен, ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи

Коњицата тргна кон Мечкин Камен, ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи

Рашела Мизрахи, која вчера си го зема уверението за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, и  поранешна министерка за труд и социјална политика во техничката влада на Оливер Спасовски, денеска тргна кон Крушево по повод празникот Илинден и ја предводи коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“. 

Таа објави и фотографии на својот профил на Фејсбук, а при тоа напиша: 

Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!


Слично

Поврзани вести