Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив
Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски по објавите на социјалните мрежи за сообраќаен прекршок кој го сторил неодамна, вели дека е точно, направил прекршок, но казната си ја платил.
„Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви. Да,направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам. Но, верувам во ред, одговорност и еднаквост пред законот. Токму затоа, казната за сторениот сообраќаен прекршок ја платив веднаш, без двоумење. Секој од нас треба да биде пример, коректор на себе, а потоа и пример за другите. Не се кријам, не се оправдувам и не барам никаква привилегираност. Во животот никој не е безгрешен, но чесноста, праведноста и коректноста, секогаш мора да бидат патиштата по кои ќе избереме да се движиме“, пишува тој на Фејсбук.

Тој ја објави и казната на Фејсбук. По објавата, некои граѓани му пишаа дека ова треба да биде пример и за другите функционери.
фото Фејсбук
Слично
