Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конгресот на СДСМ низ објективот на Фактор (ГАЛЕРИЈА)

Конгресот на СДСМ низ објективот на Фактор (ГАЛЕРИЈА)

Галерија од денешниот Конгрес на СДСМ

Опозициската партија СДСМ во моментов го одржува 20-тиот Конгрес. Теми на конгресот се усвојување на програматa и насоките за настап за изборите кои според договорот треба да се оддржат на 11 декември.

Конгресот започна со говори на студент, вработен во јавна администрација, текстилна работничка, пензионерка и земјоделец. Сите говорници укажаа на бројните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот: лошите животни услови во студентските домови; притисоците, понижувањата и дискриминацијата во јавната администрација врз основа на политичка припадност; ниските плати и мобингот врз текстилните работнички; ниските пензии и манипулациите со пензионерите; високите трошоци на земјоделците, административните препреки и ниските приходи со кои одвај врзуваат крај со крај.

Тројката претставници на ЕУ, Ричард Ховит, Кен Хорстет и Џакомо Филибек на денешниот Конгрес на социјалдемократите им изразија поддршка за претстојните избори во декември.

Присутни се 539 делегати, односно 74 отсто од вкупниот број делегати на партијата. На конгресот присутен е и екс лидерот на СДСМ и поранешен претседател Бранко Црвенковски.



Слично

Поврзани вести