„КОНГРЕСОТ НА СДСМ КОНЕЧНО ЌЕ ТРГНЕ ОД СЦЕНАТА ДЕЛ ОД МАФИЈАШКИТЕ КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ НА ПАРТИЈАТА“: Ќе бидеме сведоци на боба за преземање на партијата, вели член на ЦО на СДСМ
„Верувам дека институциите задолжени за гонење на сериозен криминал ќе ги позиционира на адекватна обвинителна сцена со правна разврска каква што им доликува.
Нејсе..
Во наредниов период драги мои, ќе бидеме сведоци на борба за позиционирање, превземање на партијата и разни пазари од останатиот дел од мафијашко-криминалните структури кои безобsирно и дрско се прават недоветни (или можеби не се прават).
Едно е јасно..!?
После ова ТОРНАДО, на СДСМ ќе му треба многу долг период за рехабилитација по претпоставка дека ќе го одбере најдоброто можно раководство, велам по претпоставка нели ..!?
Ај да ви дадам најдобронамерен совет затоа што сте далдисани по други работи па заборавате на суштината..
Прво и основно новото раководство што треба да направи е да се ОСЛОБОДИ од БАРИКАДИТЕ, БЛИНДИРАНИТЕ ВРАТИ И КАМЕРИТЕ во просториите на партијата кои ги постави ГЕНСЕКОТ, за лечење комплекси и фрустрации, глумејќи го Мијалков. (untouchable)
Колку што ме држи памтењето ние се боревме против оградата околу Владата или грешам !?
И да… ! падна оградата на режимот, ама некој во СДСМ се дрзна да направи уште побрутална ограда…! Ограда од членството ..
Со среќа нека ви е Конгресот и не молчете…!
Изгаснете го молкот..! За ваше добро и доброто на СДСМ..
