Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конгресмени и сенатори му рекле на Милевски дека треба многу време за НАТО-ратификацијата

Конгресмени и сенатори му рекле на Милевски дека треба многу време за НАТО-ратификацијата

Горан Милевски од ЛДП добил уверување од американски конгресмени и сенатори во Вашингтон дека САД ќе го ратификува приемот на Македонија во НАТО за една година, а до тогаш треба да се чека бидејќи процедурите се сложени. Освен Милевски, во делегацијата има пратеници и од од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Беса и ДПА, а денеска продолжуваат во Вермонт каде процесот на лобирање ќе продолжи.

„Разговаравме за постапката кога може Македонија најбрзо да очекува ратификација на спогодбата. Постапката во Сенатот е посложена бидејќи прво треба да дојдат три извештаи од претседателот, од Пентагон и од разузнувачките служби за потоа Комитетот за надворешни работи да ја отпочне постапката во Сенатот. Од моментот на доаѓањето на извештаите до гласањето во Сенатот по примерот на Црна Гора требало шест месеци, така да се надеваме дека оваа постапка некаде кон крајот на оваа година или почетокот на следната ќе заврши целосно во Сенатот и ќе може и Америка да ја ратификува спогодбата“, изјави пратеникот Милевски за Гласот на Америка во Вашингтон.


Слично

Поврзани вести