Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНГРЕС: Aлијанса на Села го разреши Арбен Таравари

КОНГРЕС: Aлијанса на Села го разреши Арбен Таравари

Алијанса за Албанците свика вонреден конгрес на кој Зијадин Села го разреши Арбен Таравари. 

По расколот во партијата, ова е втор конгрес на партиското крило кое го предводи Зијадин Села за само три дена. За неколку часа делегатите одлучија да го сменат актулениот лидер Арбен Таравари и да го реизберат Зиајдин Села за иден претседатл.

Претходно, Алијанса за Албанците, крилото на Таравари, го одржа четвртиот Конгрес на партијата. На Конгресот присуствуваа 421 делегат од вкупно 739 колку што брои партијата. На заседавањето беа донесени повеќе одлуки. Првин беше одобрена кандидатурата на Арбен Таравари за претседател на претседателските избори на 24 април и 8 мај.

Беа поништени одлуките од заседавањето, коj тие го нарекуваат нелегитимно, на партиското Собрание што го одржа крилото на Села на 10 февруари, а беа усвоени и неколку измени на Статутот на партијата, односно се враќа претходниот Статут одобрен на вториот Конгрес на партијата на 27 март 2022 година.

Слично

Поврзани вести