Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНГО-КРИМСКАТА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА Е АКТУЕЛНА ВО ЛЕТО: Нема место за паника, епидемиологот Стојанов за актуелниот вирус во Македонија

КОНГО-КРИМСКАТА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА Е АКТУЕЛНА ВО ЛЕТО: Нема место за паника, епидемиологот Стојанов за актуелниот вирус во Македонија

По појавата на третиот случај на пациент заразен со конго-кримско хеморагична треска македонската јавност е разбранувана, но во разговор за Фактор, епидемиологот Александар Стојанов посочува дека не треба да се крева паника.

Според него Mакедонија е далеку од епидемија од ова вирусно заболување.

-Смртноста од овој вирус е навистина голема, дури 40 отсто од заболените може да завршат со фатални последици, но начинот на трансмисија на болеста, односно на заразување е многу потежок, така што нема простор да говориме дека ќе имаме огромен број на инфицирани со конго-кримска хеморагична треска и дека евентуално може да се случи да имаме епидемина на овој вирус во Македонија. Како што веќе е кажано во јавноста, вирусот го пренесуваат исклучиво заразени крлежи. Тие се векторот. А тие пак се заразуваат од животните, од стоката, затоа сега во сето ова се вклучени и останатите здравствени институции, значи ветеринарите и Агенцијата за храна и ветеринарство. Освен тоа, вирусот на конго-кримска хеморагична треска е актуелен во летгниот период, кога има присуство на голем број крлежи. Во зима, тие паразити не се активни, заради што и не постојат случаи на заразени пациенти, вели епидемиологот Стојанов.

Епидемиологот Стојанов посочува дека би имале далеку поголем број на заразени и далеку поголема опасноста би била ако вирусот се пренесува по какпков пат и преку воздух, како што беше случајот со корона вирусот, кој беше присутен во текот на целата година.

-Пренесувањето од човек на човек е можно само при директен контакт со секрет од заразен, односно преку крв, плазма, плукна...Најверојатно така е заразена и болничарката која сега е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Таа практично ја лекувала пациентката која почина од конго-кримската хеморагична треска и со оглед на фактот што имала тешка форма на болеста, заразувањето кај неа било неизбежно, нагласува д-р Стојанов.

Инаку, како што вели тој, вообичаено, заболените животни не се разболуваат и кај нив нема клиничка манифестација на болеста. Вирусот на Кримска-конго хеморагичната треска кај луѓето се пренесува со каснување од крлежи, или преку контакт со добиток кој ја носи болеста, при третман на болни животни, колење или јадење на месо или производи од болни животни.

Кај луѓето болеста се манифестира со треска, болки во мускулите, главоболка, повраќање, дијареа и крварење на кожата.

Токму вакви симптоми имал и последниот потврден случај во Македонија. Велешанецот кој од саботата е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести пет дена имал температура, главоболка и болки во мускулите.

Под надзор се ставени сите негови контакти, односно членовите на неговото семејство и неговите колеги. Голем број научни студии потврдиле дека од контактот до развојот на болеста поминуваат од 7 до 10 дена, но се оставаат уште три до четири дена за секој случај.

Инаку, не постои специфичен лек за конго-кримската хеморагична треска. Антивирусниот лек рибавирин се користи во терапијата, а сега овој лек го прима и зарзената болничарка. Исто така, начучни студии покажуваат декиа некои орални и интравенски формулации се покажале како ефикасни.

Во моментов не постои безбедна и ефикасна вакцина широко достапна за човечка употреба. Во отсуство на вакцина, единствениот начин да се намали човечката инфекција е да се подигне свеста за факторите на ризик и да се едуцираат луѓето за чекорите што можат да ги преземат за да се намали изложеноста на вирусот.

Анита Буховски


Слично

Поврзани вести